Утрински Весник
Спорт

Евролигашкото „Ел класико“ за Барса, Милано со шок за ЦСКА

Евролигашкото „Ел класико“ за Барса, Милано со шок за ЦСКА

Реал Мадрид го доживеа и шестиот пораз во шесте пресметки со шпански клубови во Евролигата, откако дома во кошаркарското „Ел класико“ загуби со 81:76 од Барселона во интересна завршница. Пере Ориола беше лидер на каталонскиот клуб со 18 пооени и 6 скока, додека Никола Миротиќ против својот поранешен клуб уфрли 13 поени, а имаше и 5 асистенци и 2 блокади.

Армани Милано пак, успеа да го изддржи камбекот на ЦСКА Москва и да стигне до импресивна гостинска 84:76 победа, за 10-та победа во последните 12 меча и 19-10 скор во Евролигата.

Кевин Пантер го имаше најдобриот евролигашки меч во кариерата, со 32 поени од 5 тројки за фантастичен старт на мечот, и Армани успеа да ја заддржи предноста на 70:55 по 30 минути игра. ЦСКА влезе во 18:9 серија во првите три минути од четвртината, пред да се врати „рамнотежата“.

Зек Ледеј додаде 12 поени, Шејвон Шилдс 14 за Милано, додека „Армејците“ ги предводеше Мајк Џејмс со 21 поен и 5 асистенции, а Торнике Шенгелија имаше 20 поени. Ова е втор пораз во низа за ЦСКА, за да паднат на 18-10 скор.

ЕВРОЛИГА, 29. КОЛО

Реал Мадрид – Барселона 76:81 (19:24, 19:17, 16:16, 22:24)

ЦСКА Москва – Армани Милано 76:84 (10:30, 24:17, 21:23, 21:14)

Панатинаикос – Макаби Тел Авив 81:63 (25:9, 18:21, 15:25, 23:8)

Црвена звезда – Химки 92:81 (8:15, 26:23, 28:22, 30:21)

Асвел Лион – Алба Берлин 89:95 (30:23, 22:20, 21:27, 16:25)

> Евролигашкото „Ел класико“ за Барса, Милано со шок за ЦСКА <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ