Утрински Весник
Македонија

Затвореник на отсуство фатен дома со големо количество дрога

Затвореник на отсуство фатен дома со големо количество дрога

Затвореник од КПУ Идризово, кој бил пуштен на отсуство, бил фатен во неговиот дом со голема количина дрога.

По судска наредба од Кривичен суд Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, извршиле претреси во неговиот дом и помошни простории во општина Гази Баба, при што пронашле 1806 таблети екстази, синтетичка дрога амфетамин околу половина килограм марихуана, спакувани во повеќе пакувања ,вага за мерење.

Во текот на утрешниот ден СВР Скопје до надлежното обвинителство ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од КЗ, а лицето ќе биде спроведено во КПУ Идризово на издржување на казната затвор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Герила акција на Партизанска: Поставена чекална –симбол на корупцијата во здравството

Мопедист без дозвола, бегајќи од полиција удрил во две возила

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост