Утрински Весник
Магазин

Новиот „Аватар“ закана за „Одмазници: Ендгејм“ на боксофисот

Новиот „Аватар“ закана за „Одмазници: Ендгејм“ на боксофисот

Кој можеше да претпостави дека Кинезите толку многу ја сакаат Нави, хуманоидната раса со сина кожа и жолти очи?

По долга борба со пандемијата, секојдневниот живот се враќа во нормала за Кина. Кога беше соопштено дека нивниот омилен холивудски блокбастер се враќа со ново продолжение, евидентно е дека киноблагајните ќе имаат најнов глобален хит со големи приходи.

Кога „Аватар“ првпат излезе во 2009 година, направи бура во Кина. Филмот беше еден од првите холивудски блокбастери кој станал голем хит во Кина. Земјата со 1.4 милијарда жители заработи вкупно 202.6 милиони долари за епскиот научно-фантастичен филм.

„Аватар“ цела деценија важеше за филм со најголема заработка во светот. Потоа, пристигна Танос. „Одмаздници: Ендгејм“ го презеде ова место откако излезе во 2019 година.

Ова сепак не ги деморализира креаторите на „Аватар“, бидејќи разликата меѓу двата филма беше само 7.4 милиони долари. Значи, потребно е околу еден милион граѓани да го престигнат холивудскиот гигант доколку секој од нив ги добие своите билети од 7 американски долари (просечна цена на резервација преку Интернет во Кина).

И покрај тоа што франшизата немаше големо влијание на поп-културата во Кина, повторното издание може да биде освежување за вториот филм на Џејмс Камерон во серијалот. Премиерата е закажана на 17 декември 2021 година, точно 13 години по оригиналот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста