Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Бездушното ВМРО-ДПМНЕ се радува што пратеници се заболени од коронавирус

СДСМ: Бездушното ВМРО-ДПМНЕ се радува што пратеници се заболени од коронавирус

 

Од партијата на власт велат дека ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што се радуваат на тоа што пратеници се заболени од коронавирусот.

„Наместо пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да присуствуваат на седници и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните. Од почетокот на пандемијата па до денеска ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, против граѓаните, против здравствениот систем“, реагираат од СДСМ.

Од ова партија напоменуваат, дека Христијан Мицкоски во минатото како што велат ги кршеше мерките и забраните за заштита од Ковид-19.

„Како одеше по фитнес центри и кафеани, како организираа јавни собири и протести без мерки на заштита, како нивниот Вело Марковски ги поттикнуваше граѓаните да не носат маски и велеше дека вирусот не е опасен, а Унијата на млади сили организираше некрофилски кампањи. Денеска, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски проби ново дно во нивната бездушна и честопати некрофилска политика, овој пат радувајќи се на заболени пратеници“, стои во писменото соопштение од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт