Утрински Весник
Спорт

Невозможна мисија за Барселона во Париз

Невозможна мисија за Барселона во Париз

Нови два натпревари, вечерва ќе се одиграат во Лигата на шампионите. осмина-финалните реванши, ќе ги одиграат Ливерпул и Лајпциг, односно ПСЖ и Барселона. Вечерашните домаќини ги делат 90 минути од четврт-финалето, бидејќи славеа на првите натпревари, Ливерпул со 2:0, а ПСЖ со 4:1.

Пред три недели, Барселона претрпе катастрофален пораз од ПСЖ. „Светците“ предводени од Килијан Мбапе, на „Ноу Камп“ победија со 4:1.

Мбапе во првиот меч ја немаше помошта на Најмар, а без неа ќе биде и вечерва, бидејќи Бразиелцот се уште не закрепнал од повредата. Добра вест за Маурицио Покетино е што во тимот се врати Анхел Ди Марија, па за место во стартните 11 ќе конкурураат сите, со исклучок на Нејмар.

Поголеми проблеми со повредени играчи има Барселона. Роналд Куман тимот ќе го составува без двајцата стандардни централни дефанзивци, Пике и Араухо, а подолго време повредени се Ансу Фати и Филипе Кутињо.

Во Барселона, веруваат дека можат да го повторат подвигот од пред четири години, кога минусот од 4:0 по првиот меч го претврија во плус од 6:1. Разликата е што пред четири години, Барселона предноста ја надомести на домашен терен.

Лајпциг е еден од ретките тимови кого Ливерпул успеал да го победи во последно време. Пред три недели, во Будимпешта, Ливерпул искористи две грешки на Лајпциг и обезбеди предност пред реваншот од два гола.

Интересно и реваншот ќе се одигра во главниот град на Унгарија.

Лајпциг ќе се обидат да направат чудо, додека за Ливерпул Лигата на шампионите е единственото натпреварување во кое можат да ја спасат сезоната.

> Невозможна мисија за Барселона во Париз <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалери го одработија првиот тренинг пред дуелите во Лигата на Нации

РК Алкалоид останува непоразен во лигата

Барселона остана и без Феран Торес