Утрински Весник
Спорт

Во Италија потврдена деветгодишната затворска казна за Робињо

Во Италија потврдена деветгодишната затворска казна за Робињо

Апелациониот суд во Милано ја потврди казната од девет години затвор за бразилската фудбалска ѕвезда Робсон де Соуза, многу попознат како Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко за учество во групно силување на млада девојка во ноќен клуб во 2013 година, јавуваат бразилските медиуми.

Оваа пресуда веќе беше донесена во декември, а висината на казната беше одредена поради тоа што Робињо „брутално ја посрамотил“ младата девојка, наводно имигрант од Албанија. Сега, Робињо има 45 дена да се жали пред Врховниот суд на Италија, третиот и последен степен на италијанската правда.

Поранешниот фудбалер на Милан, Реал Мадрид и Манчестер сити, поради пресудата го загуби местото во тимот на Сантос, без да одигра ниту еден меч.

> Во Италија потврдена деветгодишната затворска казна за Робињо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ