Утрински Весник
Македонија

Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирус

Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирус

Собранието немаше кворум за да го утврди дневниот ред за денешната седница.

Како што истакна претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирус, па нема да бидат во можност да присуствуваат во салата.

Двајца од нив добиле решение за домашна изолација, додека третиот пратеник има симптоми и ги очекува резултатите од тестирањето за Ковид-19.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираа дека Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално.

„Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието. Тестирањето на сопствената самодоверба е неуспешна. Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално. Заев ја става во заложништво цела држава и нормалното функционирање на институциите само од желба по секоја цена да ја задржи власта“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Минатата недела Собранието со 62 гласа „за“ изгласа доверба на Владата, со што беше потврдено парламентарното мнозинство. Опозицијата не присуствуваше на гласањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче