Утрински Весник
Македонија

Владата одлучува за враќање на полицискиот час

Владата одлучува за враќање на полицискиот час

Владата денеска на седница треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, за повторно воведување на полициски час на територијата на целата држава.

Комисијата предложи полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, почнувајќи од среда (10 март).

Министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека изминативе недели најмногу заразени има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Тој апелира на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна, затоа што тоа e единствениот начин да се спречи неконтролираното ширење на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Административците со две последователни негативни оценки ќе останат без работа

ПУКАЊЕ ВО САРАЈ: Напаѓач отворил оган кон маж во автомобил, пронајдени четири чаури

ТЕНЗИИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“: Кавга околу излезите, евакуацијата и материјалите во дискотеката