Утрински Весник
Спорт

Бруно го дава дресот и копачките на аукција за пари за лекување на деца

Бруно го дава дресот и копачките на аукција за пари за лекување на деца

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш ги даде на аукција својот дрес и копачките од дерби победата над Манчестер сити во неделата во обид да собере милион долари за лекување на две болни деца.

Португалецот го постигна првиот гол на „Етихад“ при 0:2 победата со која Јунајтед ја прекина низата на Сити од 21 победа во низа, и сега се обидува да собере пари за лекување на две деца од Португалија, осумгодишната Жаиме и нејзиниот петгодишен брат Леонор, кои страдаат од редок тип на рак, неуробластома. Тој отвори „GoGetFunding“ страница за донации.

„Неодамна дознав за ситуацијата на Леонор и Жаиме. Како татко, ваква приказна ме потресе и не можам да ја замислам болката и агонијата на родителите. Добрите вести се дека ‘Детската болница’ во Филаделфија има иновативен третман со позитивни резултати. Сепак, цената е висока, 1 милион долари за двете деца. Затоа ве молам да помогнете“, напиша Фернандеш.

> Бруно го дава дресот и копачките на аукција за пари за лекување на деца <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027