Утрински Весник
Свет

Папата: Средбата со исламскиот водач беше мелем за душа

Папата: Средбата со исламскиот водач беше мелем за душа

Папата Франциск се врати во Ватикан по историското тридневно патување во Ирак. Тој пред новинарите изјави дека неговата средба со големиот шиитски ајатолах Али Систани била мелем за душата.

Папата, голем поборник за директен разговор со претставници на исламот, го опиша состанокот со Систани како „разговор во четири очи со скромен и мудар човек во чија близина се чувствува почестен“.

„Тој никогаш не станува да поздрави посетител, но стана двапати да ме поздрави мене“, им рече Папата на новинарите во авионот на пат кон Рим.

„Верувам дека ова е универзална порака“, додаде Папата.

Ајатолахот Систани е највисокиот водач на шиитите, втората гранка на исламот која е мнозинство во Ирак.

Папата нагласи дека ќе има и други чекори во дијалогот со муслиманите. Тој ги отфрли критиките на сметка на неговите потези.

„Некои критичари велат дека Папата не е храбар, тој не е свесен дека прави чекори надвор од католичката доктрина и дека е на чекор од ерес. Овие одлуки се донесуваат преку молитва, во дијалог и барање совет. Тоа е размислување, не каприц“, заклучи тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија