Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на он лајн состанок со кој е означен почетокот на обуките кои имаат за цел градење на одговорни институции, задолжени за имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
„Законот за заштита и спречување од насилство врз жените и семејното насилство е многу значаен за нас како општество. Тој предвидува мултидисциплинарен пристап, во кој ќе бидат вклучени и други министерства “, потенцираше Шахпаска.
Таа посочи дека никогаш не се доволни алатките, инструментите, човечките ресурси кои што треба да се ангажираат во справување со насилството и ја потенцираше потребата од започнување со обука на лица кои што ќе можат да пружаат поддршка во делот на превенција од насилство.
Амбасадорот на Кралството Холандија во земјава истакна дека на патот кон членството во ЕУ најважно е да се создаде општество каде сите граѓани ќе имаат еднакви права и ќе се третираат еднакво.
Министерката Шахпаска изрази благодарност на Кралството Холандија, како долгогодишен пријател, особено во сферата на испорачување на демократските вредности, во сферата на човековите права, за подршката што ја дава.
„Борбата продолжува и нема да престане до исполнување на целта“, порача Шахпаска.