Утрински Весник
Свет

Меган Маркл: Сакав да се самоубијам, а не смеев да побарам помош

Меган Маркл: Сакав да се самоубијам, а не смеев да побарам помош

Во интервјуто на војводата и војвотката од Сасекс, кое се емитуваше на „CBS“, Маркл изјави дека имала суицидни мисли додека била бремена.

Таа рече дека во овој период постојано била мета на критики на таблоидите во Британија.

„Не сакав повеќе да бидам жива. Тоа беше многу јасна, реална и застрашувачка постојана мисла. Мислев дека тоа би решило се“, вели таа.

Како што раскажа, му се обратила на член на кралското семејство и ги изразила своите чувства и желба да добие стручна помош, но ѝ било кажано дека не може бидејќи тоа не би било добро за семејството.

Маркл истакна и дека додека била бремена, постар член на кралското семејство неколку пати изразил загриженост дека кожата на Арчи ќе биде темна поради Меган, и поради тоа нема да може да добие ни титула, а ни сигурност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година