Од владеачаката СДСМ велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, докажа дека нема никаков капацитет за заедништво, ниту дека сака да придонесе за доброто на државата.
„Воден од наредбата да го брани криминалот на Сашо Мијалков и на Никола Груевски, Мицкоски ја кочеше правдата во државата и затоа беше против Законот за Јавно обвинителство со цел да спречи правна разврска на предметите од СЈО, но не му успеа и сега патот на правдата е чист, и изречени се и судски пресуди. Преку своите министри и заменици министри во техничката Влада, Мицкоски работеше и на штета на институциите кои се бореа со вирусот“, анализираат од СДСМ.
Според нив Мицкоски ниту во време на светска здравстена криза не покажа како што велат капацитет за сплотеност, за заедничка работа во интерес на граѓаните и државата.
„Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните дека има мнозинство и дека ќе стане премиер, но доживеа уште еден дебакл во Собранието, кога се изгласа доверба на Владата предводена од Зоран Заев. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, треба прекинат со блокадите по желба на Мицкоски и да застанат на страната на граѓаните и на државата“, напоменуваат од СДСМ.