Николас Кејџ потврди дека тој и Рико Шибата го врзале јазолот минатиот месец.
56-годишниот актер откри дека младенците биле многу среќни по нивната многу мала и интимна венчавка во хотелот „Вин“ во Лас Вегас.
Во разговор со магазинот „Пипл“ тој рече: „Вистина е, многу сме среќни“.
Ова е петти брак на 56-годишниот актер. Тој и 30 години помладата Рико (26) се венчаа на 16 февруари, еден вид симболика што го обележува роденденот на покојниот татко на Кејџ, Аугуст Копола.
Претставник на холивудскиот актер изјави за магазинот: „Датумот беше избран во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот“.