Утрински Весник
Спорт

Прославите на Суарез и Бензема со „8k“ камера изгледаат како видео игра!

Прославите на Суарез и Бензема со „8k“ камера изгледаат како видео игра!

Шпанската Ла лига прва се пофали со користењето на новите „8k“ .-камери, кои на мадридското дерби на „Ванда Метрополитано“ покажаа поинаква димензија на виденото, што најдобро се забележи со прославата на Луис Суарез на неговиот гол за Атлетико.

Суарез, кој има 17 гола оваа, даде гол во 15. минута од мечот со убав удар, по што беше опкружен со своите соиграчи, и ја направи традиционалната прослава, посветата кон неговата сопруга Софија и кон неговите ќерки.

На социјалните мрежи беа воодушевени од виденото, со многу коментари дека .то изгледа како да излегло од .-игра.

„8k“ камерите веќе се користат во американската НФЛ лига, додека шпанската Ла лига првпат ги користеше минатиот месец на дуелот помеѓу Барселона и Атлетик Билбао.

> Прославите на Суарез и Бензема со „8k“ камера изгледаат како . игра! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027