Утрински Весник
Спорт

ЛГБТ заедницата жестоко го нападна Ибрахимовиќ

ЛГБТ заедницата жестоко го нападна Ибрахимовиќ

Портпаролот на политичкото крило, на ЛГБТ заедницата во Италија, го обвини фудбалерто на милан, Златан Ибрахимовиќ, за хомофобија и расизам. За ЛГБТ заедницата спорна е шегата, која Ибрахимовиќ ја кажал на фестивалот Сан Ремо, каде што беше гостин.

Водителот на програмата, популарниот уметник Амадеус, го прашал Ибрахимовиќ како би изгледал овој фестивал доколку преносот се организира од неговиот дом.

„Пејачите во дневната соба, девојките со Златан. Ти би бил во кујната да ми вариш кафе“, рекол фудбалерот, а потоа го коментирал и Ачиле Лауро.

„Него би го ставил во гаражата да ми ги чува автомобилите. Кардците не би можеле да украдат ништо, би се уплашиле од него“.

Лауро е италијански пејач, кого го споредуваат со Лејди Гага, бидејќи се декларира како „тоа“, а не како „тој“ или „таа“.

За „Ла република“, портпаролот на ЛГБТ заедницата го осудил настапот на Ибрахимовиќ и рекол дека тој и во минатото имал вакви испади.

„Дека е хомофоб Ибрахимовиќ покажа и во Шпанија. Кога во 2010 година еден новинар го праша дали е хомосексуалец, тој му рекол да ја донесе својата сестра“.

Претставникот на ЛГБТ, смета дека Ибрахимовиќ неодамна на расна основа ги навредил Ромелу Лукаку и неговата мајка.

За овој инцидент, УЕФА и Серија А, го ослободија Ибрахимовиќ од обвинувањата.

> ЛГБТ заедницата жестоко го нападна Ибрахимовиќ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија