Утрински Весник
Свет

Пописот на населението во Хрватска одложен за наесен

Пописот на населението во Хрватска одложен за наесен

Пописот на населението најавен за април е одложен, а во зависност од ситуацијата, се надеваме дека ќе започне наесен, изјави Дамир Плесац од Централното биро за статистика во емисија на ХРТ.

Пробниот попис започна во 5 жупании и ќе трае од 1 до 15 март во две фази. Во првата, луѓето можат да бидат попишани преку интернет, а во втората, попишувачите ќе излезат на терен, рече Плесац.

Регистарот на население е важен за Хрватска затоа што само со квалитетни податоци може да се усвојат јавни политики од кои може да се очекуваат ефекти, рече Сања Клемпиќ Богади, демограф од Институтот за миграција и етнички студии, додавајќи дека пред регистар на население е потребен регистар на станбените единици.

Како што рече таа, регистарот на население е важен поради миграциите, кои се важни за идните планови.

Регистарот на население не е обврска, туку препорака што дојде од ЕУ и владата работи на тоа, нагласи Мислав Рубиќ од Централниот државен завод за демографија и млади.

„Регистарот на населението ќе го донесе фактот дека ќе имаме реални бројки од година во година, и така ќе може поквалитетно да се креираат демографските политики“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години