Утрински Весник
Македонија

Гостиварецот кој со секира ја уби сопругата ќе одговара за свирепо убиство

Гостиварецот кој со секира ја уби сопругата ќе одговара за свирепо убиство

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против гостиварецот кој со секира ја уби својата сопруга. Тој ќе одговара за свирепо убиство со умирла.

„На 9.9.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба, каде што седела сопругата, и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото“ се наведува во соопштението на Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице имајќи ги предвид околностите што упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

137 измами со брзи кредити и злоупотребени лични податоци само во последниве две години – Каде е проблемот?

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада го укина факулетот за медицина на Мерко, образованието ќе биде на највисоко ниво