Утрински Весник
Македонија

Царовска: За квалитетно образование, инвестираме во инклузивни училишта

Царовска: За квалитетно образование, инвестираме во инклузивни училишта

По денешната посета на општината Ѓорче Петров министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека еден од приоритетите на министерството е вложување во образовната инфраструктура.

Според министерката, покрај квалитетот на наставата, образовната инфраструктура е еден од основните елементи во образовниот процес.

„За таа намена, во буџетот предвидовме средства од 1 милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе од лани и истите ќе се распределат по општините во зависност од приоритетноста на потребите за интервенции кои ги имаат пријавено во МОН. Со тоа ќе се подобрат условите за образование на над 100 илјади ученици и студенти, но и условите за работа на наставниот кадар“, рече Царовска.

Инаку општината Ѓорче Петров е дел од инвестициската агенда на МОН.

Министерката за време на посетата ја разгледа реализацијата на веќе започнатата изградбата на ОУ „Димитар Поп Ѓеорѓиев – Беровски“ во населбата Хром.

Царовска додаде дека во општина Ѓорче Петров во моментов се реализира и друга поголема инвестиција – доградба на крило во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Волково, а преку проектот за изградба на 145 сали во план е и изградба на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски“ во вредност од 22,7 милиони денари, како и замена на кровната конструкција во ОУ „Ѓорче Петров“ во населбата Ѓорче 1.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци