Утрински Весник
Магазин

Една година откако се зарази со Ковид-19, Брајан Кренстон сè уште не го добил назад чувството за вкус

Една година откако се зарази со Ковид-19, Брајан Кренстон сè уште не го добил назад чувството за вкус

Актерот Брајан Кренстон и неговата сопруга Робин Деарден се заразија со коронавирус минатиот март, и иако тој тогаш тврдеше дека „имале многу среќа што ја поминале болеста со благи симптоми“, тие сè уште ги чувствуваат последиците.

„Се врати до одреден степен, но не и 100 проценти“, рече 65-годишниот Брајан, ѕвезда на ТВ-серијата „На лош пат“ (Breaking Bad).

Двојката се зарази речиси во исто време кога и нивните пријатели Том Хенкс и Рита Вилсон објавија дека се позитивни на вирусот. Брајан смета дека е добро што неговиот пријател Том бил подготвен отворено да зборува за своето искуство.

Во интервју за магазинот „Телеграф“, тој рече: „Том се зарази пред мене. Кога јавно проговори за тоа, си помислив дека тоа е добро за општеството:„ Ако еден богат и славен човек можел да се зарази, тоа може да ми се случи и мене и на било кој друг.“

Губењето на чувството за мирис и вкус, познато како аносмија, кај некои луѓе заразени со Ковид-19 е еден од најчестите симптоми, но некои студии откриваат дека тие симптоми не секогаш се губат по закрепнувањето.

Според најнова студија, речиси 90% од луѓето кои го изгубиле осетот за мирис и вкус како последица на коронавирусот целосно или барем делумно си го повратиле по еден месец, но околу 10% од нив никогаш не го добиле назад.

Професорката Клер Хопкинс, претседател на британското здружение за ринологија и една од истражувачите на долгорочни последици на Ковид-19, вели дека„на луѓето кои побрзо закрепнуваат веројатно им биле заразени само клетките во внатрешноста на носот. Луѓето кои побавно закрепнуваат, пак, веројатно вирусот им навлегол и во нервите кои се одговорни за мирис. Затоа им треба подолго време за да се регенерираат“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста