Утрински Весник
Македонија

Потврдени 726 нови случаи на коронавирус во Македонија, седум лица починаа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 726 нови случаи на коронавирус, 368 оздравени и седум починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.

Регистрирани се 368 оздравени пациенти од: Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.

Пријавени се седум починати лица. Починати се по двајца пациенти од Скопје (77г,74г) и Кичево (71г, 51г) и по еден пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г)

Шест пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија