Утрински Весник
Македонија

Одложено судењето за организаторите на „крвавиот четврток“

Одложено судењето за организаторите на „крвавиот четврток“

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието што требаше да се одржи денеска е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април 2017 год. кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед да е насрочена расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, каде постапува ист судија – член на судечки совет“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на Судот.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Опасен тренд се шири на Инстаграм: Деца од Скопје упаѓаат во објекти и се качуваат на ризични височини

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот

ДОМ: Пехчево покажа дека јавниот интерес мора да биде пред нетранспарентните договори