Утрински Весник
Култура

Со филмот „Совршената дадилка“ ќе се отвори Месецот на Франкофонијата

Со филмот „Совршената дадилка“ ќе се отвори Месецот на Франкофонијата

В четврток, 4 март 2021, во 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи премиера на филмот „Совршената дадилка“ со што ќе се отвори Месецот на Франкофонијата.

Се работи за екранизација на истоимениот славен роман на Лејла Слимани, за којшто авторката, во 2016 година, ја доби Гонкуровата награда, а е во режија на Лиси Борлето (2019, 1h40).
Главните улоги ги толкуваат Карин Вијар, Лејла Бекти и Антоан Рајнхард.

„Еден особено напнат трилер во стилот на Хичкок и Полански, суптилен и динамичен. Филмот совршено ги отсликува стравовите на модерното време“ (критика на магазинот Трансфуж), додека неделникот Ле Поен ќе напише „брилијантен и истовремено застрашувачки“.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Пред проекцијата, ќе се одржи промоција на преводот на македонски јазик на истоимениот роман од страна на издавачот Антолог, чие издание беше поддржано од страна на Францускиот институт во Париз, во рамките на програмата за поддршка на издавачката дејност во други земји.

Резервација на влезници во Кинотеката на Северна Македонија, а проекцијата ќе се изведе согласно протоколите за заштита од Ковид 19. Бројот на влезници е ограничен на 30.

Текстот Со филмот „Совршената дадилка“ ќе се отвори Месецот на Франкофонијата е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“