Утрински Весник
Македонија

Затворен скопски локал кој нерегистриран работел над дозволеното, приведени 6 лица

Затворен скопски локал кој нерегистриран работел над дозволеното, приведени 6 лица

Затворен е угостителски објект во Скопско, кој работел нерегистриран во 23 часот, а приведени се шест лица меѓу кои и сопственикот, соопшти полицијата.

„Вчера околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во селото Црешево, Скопско, при што било констатирано дека објектот не е регистриран и внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од с.Црешево“, велат од МВР.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во полициската станица Гази Баба.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, нема компромиси кога е во прашање законот

Десет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило, меѓу нив возачи без возачка дозвола и под дејство на алкохол

ВМРО-ОКГ го објави својот пад-сега нека ги објави вистинските бројки за нас, велат од СДСМ