Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Обезбедени се средства за изградба на фекална канализација во Теарце

Нуредини: Обезбедени се средства за изградба на фекална канализација во Теарце

Министерството за животна средина и просторно плaнирање информира дека е oбјавена постапка за доделување на договор за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за изградба на фекална канализација во населено место Теарце, општина Теарце.

„ Проценетета вредност на проектот изнесува 100.308.000,00 денари и истите се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2021-2023 година“, изјави министерот за животна сртедина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Во буџетот на Министерството, за 2021 година се обезбедени финансиски средства за капитални инвестиции и за општините Гостивар, Боговиње, Тетово, Дојран и Делчево. За општина Дојран во тек е подготовката на објава на оглас, а за другите општини постапките ќе бидат објавени откако општините ќе ја достават комплетната документација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Претседателот на Управен суд ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите

Ордановски: Мицкоски никој не слуша освен Силјановска и нема разбирање за висока политика, тврдат луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ