Утрински Весник
Македонија

Малолетник со возило удри во хирург пред Клиничкиот центар во Скопје

Малолетник со возило удри во хирург пред Клиничкиот центар во Скопје

16-годишник синоќа прегазил познат хирург пред Клиничкиот центар во Скопје. Лекарот се здобил со тешки повреди.Како што информира полицијата, синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бмв х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од скопското село Сингелиќ, удрило во хирургот Ѓорѓи Јота (58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил лекарот кој се движел пеш. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот

Подруми, шахти, канали и стоечки води: Ова се ризичните точки за комарци во Скопје

Македонија ја губи младоста – 24info.mk