Утрински Весник
Македонија

Алтернатива и Алијанса за Албанците: Албанската култура понижена од министерството за култура

Алијанса за Албанците/Алтернатива: Дали Владата станува засолниште за оние што се занимаваат со дрога?

По објавувањето на резултатите од годишната национална програма на Министерството за култура, од последниот конкурс за финансирање на проекти од областа на културата, од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека не се изненадени од објавените „скандалозни резултати“.

Според оваа коалиција резултатите уште еднаш го потврдуваат нивниот став дека владата, како и во која било друга област, и во културата ја продолжува како што велат „парадигмата на дискриминација кон Албанците“.

„Со оглед на тенденциозните активности на ова раководство во министерството за култура од нивното доаѓање во овој ресор, се очекува оваа година во нашата земја да имаме бледа култура и незастапеност на мултикултурната реалност на нашата земја, оваа година ќе имаме култура за сите, но не и за Албанците“, додаваат од коалицијата.

„Генерално, годинава Албанците од министерството за култура ќе добијат 1.580.680 евра од вкупно 8.770.000 евра. И, ако ова го преведеме во проценти, тогаш можеме да заклучиме дека оваа година Министерството за култура издвои само 18% за албанската култура, што не е ни половина од она што ние го издвоивме за албанската култура минатата година. Значи, албанската култура е толку вредна за министерката Ирена Стефоска, која толку се фали со граѓанскиот концепт. За жал, толку вреди албанската култура и за тие момчиња Албанци кои ја играат улогата на статисти на заменикминистер и државен секретар“, стои во нивното соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина