Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Девин Букер повикан за Ол стар натпреварот

Девин Букер повикан за Ол стар натпреварот
Img 7972

Играчот на Финикс Санс, Девин Букер, сепак ќе биде учесник на Ол-стар натпреварот. Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, го повикал Букер како замена за повредениот Ентони Дејвис.

Букер, оваа сезона има просек од 24,7 поени, 4,3 асистенции и 3,8 скока по натпревар.

Ол стар натпреварот ќе се игра без публика, на 7.март во Атланта. Три дена претходни капитените на тимовите Леброн Џејмс и Кевин Дурент ќе ги изберат соиграчите.

Дејвис, натпреварот ќе го пропушти поради повреда на листот на десната нога. Неговиот тим, ЛА Лејкерс, објави дека тој ќе биде на листата на повредени уште еден месец.

> Девин Букер повикан за Ол стар натпреварот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа