Утрински Весник
Македонија

Притвор за лице кај кое се пронајдени пиштол и муниција

Притвор за лице кај кое се пронајдени пиштол и муниција

Поднесено обвинение против едно лице кај кое по спроведена истрага се пронајдени пиштол и муниција, информираат од скопското јавно обвинителство.

Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот.

“Лицето е приведено а јавниот обвинител до основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека се уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото“, додаваат надлежните.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Врнежи од снег на повеќе места во Македонија

Во четири општини денес се гласа за градоначалник

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?