Утрински Весник
Магазин

Кралицата веќе одлучила кој ќе ги преземе покровителствата на војводата и војвотката од Сасекс

Кралицата веќе одлучила кој ќе ги преземе покровителствата на војводата и војвотката од Сасекс

Кралицата Елизабета Втора, наводно, веќе одлучила кој ќе ги преземе улогите на принцот Хари и Меган Маркл.

Брачната двојка – која се пресели во Калифорнија во 2020 година – минатата недела потврди дека нема да се вратат како членови на британското кралско семејство, а нивните улоги како покровители сега треба да бидат пополнети.

Извор изјави за весникот „Дејли мирор“: „Откако беше јасно дека војводата и војвотката немаат намера да се вратат назад и да бидат дел од тимот, кралицата веќе има предвид кандидати кои таа ги претпочита за улогите што тие ги ослободија.“

Според новински извештаи, принцезата Ана (70) е на ред да го замени принцот Хари (36) како генерален капетан на кралските маринци, додека принцот Едвард (56) би можел да ја наследи војвотката Меган (39) како покровител на Националниот театар.

Во меѓувреме, се сметаше дека покровителството на Хари како почесен командант на воздухопловство на РАФ Хонингтон – титула што ја доби во 2008 година – најверојатно ќе му припадне на неговиот постар брат принцот Вилијам.

„Дејли мирор“ пишува дека шефовите на рагби лигата се надеваат дека Вилијам (38) ќе стане заштитно лице на Светското првенство во рагби лига 2021 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста