Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни се пошегува за животот во самоизолација: Имам нови хобија

Џорџ Клуни се пошегува за животот во самоизолација: Имам нови хобија

Џоџ Клуни поголемиот дел од времето го поминува дома со сопругата Амал и нивните четиригодишни близнаци Александар и Ела.

А во првото издание на W Magazine од 2021 година, прв том, Best Perfomances („Најдобри изведби“), оскаровецот опишува како е да се извади шеширот на филмска sвезда и да се замени со шешир на татко со полно работно време.

„Ќе ви кажам што сум прифатил како хоби: Два до трипати дневно вклучувам машина за перење алишта, мијам садови цел ден, затоа што овие деца се лигавци,“ се пошегува омилениот холивудски актер.

Актерот од „Оушн 11“ исто така рече дека станал и фризер.

„Ја потстрижувам косата на мојот син, а исто и мојата коса, но досега не сум ја скратил косата на ќерка ми“, рече ветеранот.

Локдаун-хобија: Клуни позира во својот кабриолет, паузира од пуштање перална два до трипати дневно.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање