Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло време во следните денови, температури до 21 степен

Сончево и топло време во следните денови, температури до 21 степен

Времето утре ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена локална облачност, особено во североисточните подрачја. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.

Во Скопје, претпладне со мала до умерена облачност, преку денот сончево. Ќе дува умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе