Утрински Весник
Македонија

Треба да се конфискува криминално стекнатиот имот на Мијалков, смета министерот Спасовски

Треба да се конфискува криминално стекнатиот имот на Мијалков, смета министерот Спасовски

Институциите треба да се насочат кон утврдување на имотот на избеганиот поранешен директор на тајната полиција и да се конфискува оној што е криминално стекнат, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање Спасовски објасни дека МВР нема увид во сметките на Мијалков.

„МВР не е институцијата која одобрува замрзнување сметки и други активности ниту пак ги гледа тие сметки. Управата за финансиско разузнавање има обврска за тоа да утврди колку и какви сметки има и тоа го прават. Прашањето треба да го насочиме кон тоа кој е имотот на Мијалков и да се конфискува, криминално стекнатиот имот треба да се конфискува, да се одземе во интерес на државата. Во тој дел треба да постапуваат институциите“, рече министерот Спасовски.

Тој повтори дека имаат сознанија дека Мијалков уште е во Македонија оти имаат увид во секое време на граничните премини од каде може да добијат информации. Спасовски рече дека нема податоци дали Мијалков има друго државјанство освен македонското.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација