Утрински Весник
Спорт

Аталанта против Реал опуштено и без обврски

Аталанта против Реал опуштено и без обврски
300x250 (7)

Аталанта, утре, ќе го пречека Реал во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Творецот на „чудото од Бергамо“, Џанпјеро Гасперини рекол дека неговите играчи се ослободени од секаков притисок во врска со натпреварот.

Аталанта минататат сезона, имаше одлична сезона во Лигата на шампионите. Како дебитанти, стигнаа до четврт-финалето каде секунди ги делеаа од пласман во наредната рунда, каде на крајот се најде ПСЖ.

Ss1

„Нема да го менуваме стилот на нашата игра, тој стил не донесе овде. Сепак, јасно ни е дека кога ќе играш против тимови на ова ниво, мораш да преземеш некакви мерки и да бидеш претпазлив“, рекол тренерот Гасперини и дополнил.

„Ние сме опуштени: Не сме фаворити и не сме обврзани дека мора да одиме понатаму.Сакаме да се испробаме со овој тим, да ја видиме нашата сила. Сакаме да имаме резултат кој ќе ни овозможи да играме и во Мадрид. За Аталанта е чест што ќе игра против славен клуб каков што е Реал“.

> Аталанта против Реал опуштено и без обврски <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Од следната сезона натпреварите од Ла Лига ќе се играат во САД

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та