Во последните 24 часа во Србија се потврдени уште 3.257 случаи на зараза со коронавирус, а 15 лица починале.
На апарати за дишење се приклучени 157 пациенти, од 3.727 хоспитализирани.
Во последните 24 часа биле тестирани 15.000 луѓе.
Седницата на Кризниот штаб е закажана за утре, а на неа ќе се разговара за моменталната епидемиолошка состојба во земјата. Бројот на новозаразени лица не влева оптимизам дека ќе има олеснување на мерките, туку дека постојните мерки ќе останат на сила, можеби дури и засилени.