Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Според сите анализи Мијалков е уште во државата

Мијалков развил симптоми на коронавирус, неговата сопруга има позитивен тест

Според досегашните анализи на МВР, Мијалков се уште не е излезен од Македонија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека ексдиректорот на тајната полиција се уште е во државата.

„Според сите наши анализи сметаме дека се уште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Тоа е согласно сите анализи и проценки ако знаеме каде е ќе беше во притвор. Анализите и проценките се врз основа на потражните дејствија. Наша увереност е дека е во државата и се работи на негово пронаоѓање“, рече министерот Спасовски.

Министерот не чувствува лична одговорност за бегството на Мијалов оти тврди дека службите постапувале согласно она што се барало од нив и посочи дека требаат сериозни измени на целиот систем.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лашкоска: Не увезуваме отпад, ниту ќе увезуваме во иднина

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари

Сиљановска-Давкова ги отповика тројцата амбасадори