Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тројца обвинети за „Монструм“ добија доживотен затвор

(Видео) Тројца обвинети за „Монструм“ добија доживотен затвор

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен. Вака заврши второто судење за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ се осудени за тероризам на доживотен затвор. Првите двајца се во бегство во Косово.

Хаки Азири е осуде на девет години затвор за помагање, а за исто кривично дело е осуден и Фејзи Азирикој доби 15 години затвор.

Сами Љута доби ослободителна пресуда.

Ова е втора пресуда изречена за „Монструм“ од Основниот кривичен суд во Скопје. Во првиот процес, сите се гонеа за тероризам и добија доживотни затворски казни. Врховниот суд во 2017 година ги усвои жалбите на обвинетите и го врати случајот на повторно одлучување за утврдување на фактичката состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

МНР: 632 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот Исток

СДСМ: Оставка од Тошковски за трагедијата во Карпош