Утрински Весник
Свет

Рот: ЕУ треба да ја преиспита идејата за сертификати за вакцинација

Рот: ЕУ треба да ја преиспита идејата за сертификати за вакцинација

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, рече дека Европската унија треба да ја преиспита идејата да им се даде поголема слобода за патување на оние кои се вакцинирани против Ковид-19, како и да ја преиспита идејата за сертификати за вакцинација (т.н. пасоши), јави Ројтерс.

За време на министерскиот состанок на ЕУ во јануари, потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ ја навести можноста за воведување на „електронски сертификати за вакцинација“, додека самиот Михаел Рот во тоа време забележа дека е од витално значење да се утврди дали вакцинираните лица, сепак, можат да пренесат зараза на други лица.

Претходно денес, Фајненшл тајмс објави дека грчкиот министер за туризам Хари Теохарис ги повикал европските лидери брзо да ја прифатат идејата за сертификати за вакцинација, што ќе овозможи продолжување на патувањата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија со балистички напад врз Киев, погодена станбена зграда

Тајфун ја погоди јужна Кина, евакуирани над 715.000 луѓе

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе