Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, кој веќе шест месеци се соочува со протести против неговото владеење, се состана денес со рускиот претседател, Владимир Путин, и ги истакна блиските односи меѓу двете земји.
„Не поминува ден без колегите да разговараат и да решат одредени проблеми“, рече Путин на состанокот во Сочи.
Двајцата претседатели потоа отидоа на скијање.
Врз основа на емитуваното во медииумите, тема на разговор не биле протестите во Белорусија. Аналитичарите очекуваа Путин да го иницира прашањето за судењето на истакнатиот опозициски лидер Виктор Бабариков, кој беше шеф на Газпром банк во Белорусија.
Лукашенко и Путин последен пат се состанаа во септември минатата година, еден месец по претседателските избори во Белорусија.
Економијата на Белорусија е во голема мера зависна од Русија, која ѝ обезбедува нафта и гас.