Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин и Лукашенко на скијање

(Видео) Путин и Лукашенко на скијање
Img 5587

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, кој веќе шест месеци се соочува со протести против неговото владеење, се состана денес со рускиот претседател, Владимир Путин, и ги истакна блиските односи меѓу двете земји.

„Не поминува ден без колегите да разговараат и да решат одредени проблеми“, рече Путин на состанокот во Сочи.

Двајцата претседатели потоа отидоа на скијање.

Врз основа на емитуваното во медииумите, тема на разговор не биле протестите во Белорусија. Аналитичарите очекуваа Путин да го иницира прашањето за судењето на истакнатиот опозициски лидер Виктор Бабариков, кој беше шеф на Газпром банк во Белорусија.

Лукашенко и Путин последен пат се состанаа во септември минатата година, еден месец по претседателските избори во Белорусија.

Економијата на Белорусија е во голема мера зависна од Русија, која ѝ обезбедува нафта и гас.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина