Утрински Весник
Свет

Меркел сака постепено укинување на ограничувањата и повеќе тестирања во Германија

Меркел сака постепено укинување на ограничувањата и повеќе тестирања во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел сака да спроведе постепен план за укинување на ограничувањата, поврзан со зголемено тестирање, изјавија двајца учесници на состанокот на раководството на Одборот на нејзиниот Христијанско-демократски сојуз.

Меркел сака повторно да отвори делови од општеството во три фази, почнувајќи од проширување на бројот на лични контакти, потоа отворање училишта и стручни училишта и трето – отворање спортски групи, ресторани и култура, изјавија учесниците, објави „Ројтерс“.

Германија ги продолжи ограничувањата до 7 март за да го спречи ширењето на коронавирусот, иако основните училишта и градинките започнаа со работа во 10 германски провинции денес, а фризерските салони треба повторно да се отворат следната недела.

Бројот на нови дневни инфекции стагнира во текот на изминатата недела со седумдневна стапка на инциденција која изнесува околу 60 случаи на 100.000 жители.

Бројот на лица заразени со Ковид-19 во последните 24 часа во Германија е 4.369, додека истовремено биле регистрирани 62 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk