Утрински Весник
Македонија

Разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид, кој се вакцинира преку ред

Разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид, кој се вакцинира преку ред

Директорот на охридската болница денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница на КИБФС во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

„ Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем „Мој термин“, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“ порачуваат од министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени

Левица: Невиден апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, уапсено едно лице