Утрински Весник
Свет
Img 7972

Генералниот секретар на ООН ја повика воената хунта во Мјанмар да престане со насилството

Генералниот секретар на ООН ја повика воената хунта во Мјанмар да престане со насилството
300x250 opst2

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ја повика воената хунта во Мјанмар да престане да користи насилство и да ослободи стотици политички затвореници лишени од слобода по воениот удар пред три недели.

“Гледаме дека демократијата се поткопува, се користи брутална сила, се прават неоправдани апсења, со еден збор, се применува репресија во сите нејзини форми. Ја повикувам армијата на Мјанмар веднаш да престане со репресијата, да ги ослободи затворениците, да престане да користи сила, да ги почитува волјата и човековите права изразена на последните избори“, рече Гутереш.

Според светските агенции, продавниците во Мјанмар денеска ќе бидат затворени и е најавен генерален штрајк против воениот удар, а илјадници демонстранти се очекува да се соберат низ целата земја, и покрај предупредувањата од воената хунта дека може да има човечки жртви во евентуална конфронтација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож