Утрински Весник
Свет
Img 7972

Гувернерот на Тексас забрани испраќање сметки и исклучување на струјата на граѓаните

Гувернерот на Тексас забрани испраќање сметки и исклучување на струјата на граѓаните
300x250 opst2

По силната зимска бура и екстремно ниските температури, властите во Тексас привремено им забранија на компаниите за електродистрибуција да им издаваат сметки за електрична енергија на граѓаните или да ги исклучуваат од мрежата поради неплатени сметки, изјави гувернерот Грег Ебот.

„Тексашаните кои останаа без струја за време на студените денови не треба да бидат изложени на астрономски сметки за електрична енергија“, рече Ебот на прес-конференција во Сан Антонио, додавајќи дека државата наскоро ќе најде начин да ги заштити тие потрошувачи.

Според Ебот, за само пет дена од ледениот бран, граѓаните кои имале електрична енергија добиле сметки до 5.000 долари за тој 5-дневен период на зголемена потрошувачка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот