Утрински Весник
Економија

„Боинг“ ги приземји авионите од типот „777“

„Боинг“ ги приземји авионите од типот „777“

Федералната администрација за воздушен сообраќај на САД (ФФА) издаде предупредување за авионите „Боинг 777“.

Потегот се случи откако откажа моторот на авион од овој тип на компанијата „Јунајтед“ над Денвер, Колорадо, а негови делови паѓаа врз куќи. Исто така, наредена е итна инспекција на ваквите авиони.

Шефот на ФФА, Стив Диксон, објавил дека директивата се однесува на авиони опремени со мотори „Прат Витни PW 4000“ и најави дека по инспекцијата, некои авиони ќе бидат повлечени од употреба.

Истата препорака ја издаде и компанијата „Боинг“, а во Јапонија, овие авиони се приземјени до ново известување.

Компанијата „Јунајтед“ објави дека доброволно ќе ги приземји 24 авиони од тој тип во наредните денови.

„Боинг“ објави дека во моментов се користат 69 авиони со мотори PW 4000 и дека 59 од нив се приземјени во хангари.

Во ист ден се случи сличен инцидент и во Холандија, кога делови на авион „Боинг 747“, почнале да паѓаат на земјата кога избил пожар во еден од моторите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ристески: Влада работи на економски раст, зголемување на животниот стандард и раст на сите плати

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години