Утрински Весник
Спорт

Русите ни направија „услуга“, сега мораме да ја победиме убедливо Естонија

Русите ни направија „услуга“, сега мораме да ја победиме убедливо Естонија

Иако со проблеми во првото полувреме, кошаркарската репрезентација на Русија со 75:52 ја совлада Естонија со што ни ја остави „подотворена“ вратата кон пласман на Евробаскет 2022 за што сега ни е потребна убедлива победа над директните конкуренти, Естонците утре во Перм.

По првата четвртина, Русите имаа само +2 против незгодните Естонци, но како што течеше мечот, така ја зголемуваа разликата, за во последната четвртина да дојдат и до убедлива победа. Евгениј Бабурин со 14 поени беше најдобар за Русите, Андреј Воронцевич додаде 13, додека кај Естонците Јанари Јесар со 10 поени беше најефикасниот.

Бидејќи во првиот меч со Естонија загубивме со 82:91, сега ни е потребна победа од +10 поени утре за да обезбедиме пласман на континенталниот шампионат.

> Русите ни направија „услуга“, сега мораме да ја победиме убедливо Естонија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп