Утрински Весник
Свет

Мечка нападнала жена во полско веце во Алјаска

Мечка нападнала жена во полско веце во Алјаска

Црна мечка се појавила на езерото Чилкат во Алјаска и нападнала жена која во тие моменти го користела полскиот тоалет.

Жената се здобила со повреди од каснување и од канџите на животното, пренесува Би-би-си.

Биологот од Алјаска, Карл Кох, претпоставува дека станува збор за црна мечка врз основа на фотографиите од траги што ги видел и сведоштвата на други луѓе кои живеат во близина, кои претходните денови испратиле фотографии од мечка на нивните имоти.

„Шерон Стивенс е единствената личност во светот на која ѝ се случило вакво нешто“, изјавил Кох.

Би-би-си пренесе дека Шерон Стивенс изјавила оти скокнала и врескала откако почувствувала касање додека го користела тоалетот, а откако го слушнал врисокот, нејзиниот брат отишол да види што се случува и ја здогледал мечката.

Жената го минувала викендот покрај езерото со нејзиниот брат Ерик и неговата девојка кога се случил инцидентот.

Следното утро, траги од мечката биле забележани низ целата околина.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида

Полицијата со палки ги растера демонстрантите од плоштадот Росио во Лисабон

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт