Утрински Весник
Свет

Американска агенција за Балашевиќ: Противник на национализмот и војната во Југославија

Американска агенција за Балашевиќ: Противник на национализмот и војната во Југославија

Американската новинска агенција Асошиејтед Прес (АП) ја објави веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ. Тие пишуваат дека српскиот пејач починал откако се заразил со коронавирус и дека бил омилен низ цела поранешна Југославија.

АП исто така го нагласува неговото отворено противење на национализмот.

„Кога Југославија се распадна во етничката војна во раните 90-ти, Балашевиќ отворено се спротивстави на национализмот, што служеше како гориво за конфликтот. Поради неговите ставови, мејнстрим медиумите во Србија го шиканираа Балашевиќ за време на војната“, пишува АП, нагласувајќи дека и покрај тоа, сепак пејачот останал омилен низ етнички поделениот балкански регион.

Медиумите во Хрватска и Босна и Херцеговина веднаш ја објавија веста за смртта на Балашевиќ, се вели во текстот.

Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ ја пренесоа бројни медиуми во САД, вклучително и Вашингтон Пост, Еј-би-си Њуз, Ен-би-си, Сан Франциско Хроникл, УС Њуз, Рипаблик…

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца