Утрински Весник
Македонија

Во Гази Баба започна изградба на Дневен центар за деца со интелектуална и телесна попреченост

Во Гази Баба започна изградба на Дневен центар за деца со интелектуална и телесна попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска приуствуваше на започнување со градба на Дневен центар за деца со интелектуална и телесна попреченост и Центар за сензорна интеграција во населбата Железара, Општина Гази Баба.

„Процесот на деинституционализација продолжува, преку вадење на корисниците од институциите и нивно згрижување во мали групни домови и згрижувачки семејства, со цел да им се овозможи атмосфера најблиска до семејната. Дополнително, ги децентрализираме социјалните услуги на локално ниво“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека Дневните центри за лица со попреченост се модел како треба да се грижиме за овие лица.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски посочи дека новиот Дневен центар ќе работи како регионален центар за згрижување на деца од целиот град, со поддршка на три општини, Гази Баба, Бутел и Илинден.

Центарот за сензорна интеграција, пак, е наменет за децата со посебни образовни потреби од детските градинки и основни училишта од општина Гази Баба.

Шахпаска заедно со градоначалникот Георгиевски ја посетија и детската градинка „Детска радост“, објект Калинка каде во тек е реконструкција на кујната, која согласно проектот го проширува својот капацитет како централна кујна за подготовка на повеќе од 1.000 оброци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати