Утрински Весник
Македонија

Две велешанки спречиле вооружени разбојници да ограбат трафика

Две велешанки спречиле вооружени разбојници да ограбат трафика

Велешкото основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против две лица кои се обиделе да сторат кривично дело разбојништво, но во тоа биле спречени од страна на две жени.

Како што информираат од обвинителството, во вечерните часови на 13 февруари, осомничените како соизвршители се обиделе да извршат грабеж во трафика на улицата Благој Ѓорев во Велес.

Притоа, на две жени кои се наоѓале во трафиката им се заканиле со пиштол и се обиделе да ја отворат касата. Но во тој момент, едната жена започнала да вика, барајќи помош од полиција, додека другата се борела со двајцата разбојници.

Кога не успеале да ја отворат фиоката, осомничените избегале без да ја реализираат својата намера.

Основниот суд во Велес го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на двајцата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Проштална средба на министерот Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски со амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Почна лидерската средба во Клубот на пратениците, без Филипче

Димитријевиќ: Не сакаат опозиција во министерствата за да не се види криминалот и корупцијата